Еден човек бил уапсен денеска во Австралија под сомнение дека финансирал американски џихадист да замине да се бори во Сирија, наведе полициски извор за западни медиуми.
Мажот (23) ќе биде под истрага за обвиненија за финансирање терористичка организација. Името на осомничениот не е објавено.
Обвинет е дека дал 12.000 австралиски долари (8.300 евра) на граѓанин на САД кој заминал да се бори во Сирија во редовите на џихадистите. Австралиските власти сметаат дека тој можел да достави и дополнителни средства за исламистичка кауза.
Проценките на разузнавањето на Австралија се дека околу 60 луѓе од Австралија се борат во редовите на џихадистите во Ирак и Сирија. Стотина други од таа држава даваат активна поддршка на радикалните сунитски движења.