Аргентинската полиција соопшти дека ја пронашла досега најголемата позната колекција на нацистички обележја и предмети на територијата на државата.
Предметите се пронајдени во тајна соба во куќа во околината на Буенос Аирес, а меѓу нив има и релјеф портрет на Адолф Хитлер, лупи во кутии украсени со кукасти крстови, па дури и морничава медицинска направа за мерење глави.
Се работи за околу 75 артефакти од нацистичкиот период.
Властите сметаат дека тоа се автентични пронајдоци кои им припаѓале на високи германски нацистички офицери од Втората светска војна.