Во антикорупција акција во Шпанија уапсени 51 лице

Од:

Во Шпанија се уапсени 51 ице во рамки на голема антикорупциска акција за криминал со реализација на тендери на општинско и регионално ниво во вкупна вредност од приближно 250 милиони евра, пренесоа француските медиуми.

Во аферата се вклучени општински советници и чиновници од владеачката конзервативна Народна партија, како и на опозициската Социјалистичка партија, но, исто така, и повеќе менаџери на фирми.

Двете партии соопштија дека го замрзнуваат членството на осомничените во нивните редови.

Корупциската мрежа опфаќала серија општини и автономни области, вклучувајќи ги и Мадрид, Мурсија, Валенсија и Леон, се наведува во соопштението на одделот за борба со корупцијата на шпанското обвинителство.

Истрагата се водела уште од јуни под сомненија за серија кривични дела, вклучувајќи и перење пари, корупција и злоупотреба на службена положба.

Меѓу приведените е и вториот човек на регионалната конзервативна Влада на Мадрид, Франсиско Гранадос, кој бил и генерален секретар на владеачката Народна партија во областа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски