Британската полиција уапси вчера 75-годишен маж поради сомнение дека поставил рачно изработена експлозивна направа во близина на една џамија.
Припадниците на антитерористичката полиција го уапсиле мажот во неговата куќа во градот Волсол, во централна Англија, каде бомба експлодира минатиот петок, соопшти полицијата.
Во инцидентот, кој полицијата го третира како злосторство од омраза, никој не е повреден, а приченета е материјална штета.