Во Алмати денеска беа обновени преговорите меѓу земјите од „шесторката“ и Иран

Од:

Во казахстанскиот град Алмати денеска беа обновени преговорите меѓу земјите од „шесторката“ (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) и Иран, пренесоа британските медиуми.

Преговорите, први во последните осум месеци, почнаа вчера и беа прекинати откако „шесторката“ на Иран му предаде пакет предлози што предвидуваат олеснување на некои од санкциите во замена за отстапки од страна на Техеран за некои од спорните аспекти на нуклеарната програма на Исламската република.

Рано утринава секретарот на Високиот совет за национална безбедност на Иран, Саид Џалили, кој раководи со иранската делегација на преговорите, се сретнал со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на извор од иранската делегација.

Детали од средбата Ештон-Џалили не се соопштени.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он