Внукот на Маргарет Тачер влегува во американската политика

Од:

Дваесет и четиригодишниот Мајкл Тачер, првиот внук на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, живее во Тексас по разводот на неговите родители.

Иако за Мајкл се зборуваше дека ќе стане нова ѕвезда на американскиот фудбал, тој сепак тргна по стапките на својата баба.

Поради страста кон конзервативната политика, неодамна беше ангажиран на проект на републиканската политичка организација.

За Мајкл и неговата пет години помлада сестра Аманда велат дека никогаш не го користеле името на баба им со ароганција и гордост.

Директорката на конзервативната организација „Војсис“ , на својот блог по повод смртта на Тачер напиша дека нејзините внуци го покажале својот сопствен успех како млади луѓе, не поради презимето кое го носат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот