Внукот на ајатолахот Хомеини им порача на Иранците: Не ги напуштајте улиците и џамиите, носете црна облека

Од:

Иранската верски функционер Сејед Хасан Хомеини, внук на ајатолахот Рухолах Хомеини, ги повика луѓето да останат на улиците и џамиите за да го одржат моралот и да демонстрираат „мека моќ“ преку јавно присуство, објави Хабар Фури.

„Не ги напуштајте улиците и џамиите ниту за момент. Нашата мека моќ се срцата на луѓето и нивното присуство на теренот – тоа е она што нè одржуваше досега“, рече Хомеини.

Сејед Хасан Хомеини додаде дека „од денес до крајот на војната, индивидуална обврска на секого е да биде во џамиите“ и ги повика верниците да ги исполнат.

– Нашите ровови се џамиите и градските плоштади, рече Сејед Хасан Хомеини, нагласувајќи дека „секој плоштад мора да биде во рацете на народот, облечен во црно и со знамето на имамот Хусеин во рацете“.

Повикот за носење црна облека и кревање на знамињата на имамот Хусеин е силно симболичен во шиитската традиција. Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, бил убиен во битката кај Кербала во 680 година и се смета за симбол на мачеништво, жртва и отпор кон неправдата.

Во иранскиот политички дискурс, неговата фигура често се користи како метафора за борбата против надворешните закани или внатрешната неправда.

Сејед Хасан Хомеини формално не е дел од високите функционери, но неговото презиме носи голема политичка тежина. Тој е внук на ајатолахот Рухолах Хомеини, водачот на Исламската револуција од 1979 година и основачот на денешниот ирански систем.

Се смета за влијателна религиозна личност и член на умерената струја во Иран.

Пораките за одење на плоштадите и одење во џамиите се дел од долгогодишната практика на иранскиот режим, кој охрабрува масовни јавни собири во време на криза како знак на политичка и социјална кохезија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел објави ново видео: Разнесени се ирански бункери за лансирање ракети и дронови

(ВИДЕО) Танкер за нафта е во пламен: Ормутскиот теснец е речиси затворен

(ВИДЕО) Иранците повторно ја нападнаа кипарската база „Акротири“

(ВИДЕО) Катар ги прекинува врските со Иран: Оваков напад не може да остане неказнет

Горан Наумовски

Израелската армија тврди дека се убиени високи ирански разузнавачки службеници

Иранците ја нападнаa канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху, не се знае каде е израелскиот премиер

Горан Наумовски