Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе

Од:

Безбедносните агенции од неколку западни земји ја уништија онлајн платформата што се користи за купување и продавање на хакирани и украдени лични податоци на милиони луѓе, соопштија денеска официјални лица.

Властите соопштија дека на сајтот Рејдфорумс (RaidForums) се продадени стотици чувствителни податоци, вклучувајќи броеви на кредитни картички и социјално осигурување и информации за банкарски сметки, кои биле хакирани или украдени од жртвите.

Основачот и главен администратор на платформата, 21-годишниот Диего Сантос Коељо од Португалија, беше уапсен во јануари во Велика Британија. САД бараат негова екстрадиција.

Веб-страницата Reidforums, основана во 2015 година, нудеше посебен пристап и функции на оние кои беа подготвени да платат членарина, а на платформата беа објавувани упатства за тоа како да извршат незаконски дејствија, велат официјалните лица.

Во акцијата за уривање на платформата учествуваа агенции од САД, Велика Британија, ЕУ, Германија, Шведска и Португалија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија