Владимир Путин ќе учествува на средбата ЕУ-Азија во Милано

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го потврди учеството на самитот меѓу Европската унија и неколку азиски земји на 16 и 17 октомври во Милано, соопшти вчера извор близок до италијанската Влада.

Тоа е прва можност рускиот претседател да се сретне со европските лидери по неговата посета на Франција во јуни годинава.

Првично, Русија планираше во Милано да го испрати премиерот Дмитриј Медведев, но ја промени својата одлука.

Самитот со економски фокус се одржува на секои две години во Европа и Азија. Овогодинешниот самит ќе се одржи во Милано. Меѓу учесниците се очекува да бидат германскиот канцелар Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска