Унгарија мора да биде затворена за илегални мигранти, а Владата треба да размислува за подготовка на закон за зајакнување на граничната контрола, изјави денеска шефот на пратеничката група на владејачката десноцентристичка партија ФИДЕС, Антал Роган.
Тој истакна дека се поднесени неколку предлози околу начините за занимавање со економската миграција, а некои од нив сигурно ќе доведат до несогласување во Брисел.
Според Роган, народот треба да се праша, преку национално консултирање, дали подджуваат апсење и моментно протерување на илегалните мигранти.
Унгарските власти соопштија дека само од почетокот на оваа година примиле речиси 13.000 барања за азил, во однос на минатата година кога вкупно имало 43.000 апликации.