Владејачката коалиција во Јапонија, вклучувајќи ги Либерално-демократската партија и „Нова комеито“, победи на изборите за Горниот дом на Парламентот.
Според податоци на Централната изборна комисија, Либерално-демократската партија освоила 65 места од вкупно 121, а „Нова комеито“ – 11 места.
Премиерот Шинѕо Абе изјави дека изборните резултати значат „гласање во поддршка на економскиот курс“ на неговата партија и вети дека ќе продолжи да ја следи истата линија.
Јапонската демократска партија, која во декември ја изгуби власта, освои 17 места. Тоа и е досега најслабиот резултат за Горниот дом на Парламентот.