Владејачката индиска партија Баратија џаната – Индиска народна партија стана најбројна партија во светот, изјавија денеска нејзиниот потпретседател Динеш Синг, наведувајќи дека партијата моментално има 88 милиони членови.
Синг тврди дека Комунистичката партија на Кина има 86 милиони членови.
Баратија џаната пред четири месеци покрена кампања „Зачлени се сега“ и овозможи зачленување со повик од мобилен телефон и потврда со давање лични податоци.
– Само изминативе осум дена во партијата се зачленија околу десет милиони лица, изјави Синг, истакнувајќи дека цел на партијата е во блиска иднина да има сто милиони членови.
Баратија џаната на парламентарните избори во 2014 година го предводеше сојузот, кој победи, а нејзиниот лидер Нарендра Моди е именуван за премиер на Индија.