Владејачка шиитска коалиција на ирачкиот премиер Нури ал Малики освои најмногуместа во органите на локалната власт во Ирак на изборите одржани на 20 август, соопшти денеска Централната изборна комисија.
Според конечните резултати, блокот на Малики победил во седум од 12-те ирачки провинции во кои се спорведоа изборите. Во една провинција со доминантно шиитско населени победи движењрто на радикалниот верски лидер Муктада ал Садр.
Во следниве месеци локални избори треба да се одржат во две провниции во кои мнозинство се сунитите, како и во трите провинции во курдскиот автономен регион.
Овие избори, кои се први по повлекувањето на американските сили од Ирак, се сметаа за важен тест за популарноста на премиерот Малики.