Владата на Јемен против прекин на огнот

Од:

Шефот на јеменската дипломатија Абдел Малек ал-Меклафи денеска изјави дека Владата не е заинтересирана за прекин на огнот и разговори за влада на единство, што претходно ги најави државниот секретар на САД, Џон Кери.

– Владата ниту знаела ниту ја интересира тоа што секретарот Кери го најавува, а што претставува желба да се стави крај на 19-месечната војна, но на таков начин да се постигне договор со верската група Хути, напиша Меклафи на Твитер.

Кери за време на посетата на Абу Даби објави дека спротиставените страни во Јемен се сложиле за примирје, што ќе стапи во сила на 17 ноември и оти заедно ќе работат за Влада на единство.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен