Владата на Јемен поднесе оставка

Од:

Владата на Јемен поднесе оставка, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор близок до премиерот Халед Бахак.

Премиерот на својот Фејсбук профил објави дека Кабинетот не сака да биде вовлечен во „неконструктивна политичка каша“.

Засега не е јасно дали оставката е прифатена од претседтаелот Абед Рабу Мансур Хади.

Владата на Бахак беше формирана во ноември од технократи и претставници од различни политички групи и одобрена од Парламентот во декември.

Шиитските бунтовници кои контролираат голем дел од Сана, ги поздравија отстапките на премиерот за поделба на власта. Тие сепак, се уште го држат претседателот како заложник во резиденцијата.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен