Вкупно 22 активисти на „Гринпис“ добија двомесечен притвор поради „нападот“ на руската нафтена платформа

Од:

Судот во северниот руски град Мурманск денеска им одреди двомесечен притвор на 22 од вкупно 30-те приведени активисти на „Гринпис“, кои со бродот „Арктик санрајс“ се обидоа да се истоварат на руска нафтена платформа во Баренцовото Море, соопшти Регионалната канцеларија на федералниот Истражен комитет.

Покрај ова, како што јави ИТАР-ТАСС, судиите, кои заседавале цела ноќ, решиле на остантите осуммина активисти на „Гринпис“ да им го продолжат притворат за само уште три дена.

– Натамошните планови на истрагата ќе бидат соопштени подоцна, изјави претставник на Истражниот комитет.

Меѓу оние кои заработија 60-дневен притвор е и капетанот на бродот „Арктик санрајс“, Американецот Питер Вилкокс.

„Арктик санрајс“ на 18 септември се доближи до руската нафтена платформа и активисти на „Гринпис“ се обидоа да се качат на неа, но беа спречени во таа намера од припадници на пограничната служба, кои бродот го одвлекоа до Мурманск.

Во акцијата на граничарите беа приведени 30 лица, државјани на 19 држави. Против нив беше поднесена крвична пријава за „пиратство“, но истрагата не ја исклучува можноста обвинението да биде преразгледано.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека активистите не се пирати, но дека очигледно го прекршиле законот.

„Гринпис“ денеска соошти дека ќе се жали на одлуката на Судот и инсистира на итно ослободување на приведените.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот