Вкупно 20.000 Британци постат пет дена по повод кампањата за собирање средства за помош и лекување на маларијата.
Предизвик за Британците е да успеат да се нахранат секој ден од тие пет дена за една фунта (1,18 евра). Така ќе го привлечат вниманието на спонзорите и секој од нив се очекува да собере 500 фунти, кои ќе ги донира за кампњата, организирана од невладината организација Оксфам.
Целта не е само да се привлече вниманието врз болните од маларија, но и врз една милијарда лица на планетата, кои живеат во исклучителна сиромаштија.
Иницијативата започна во 2009 година во Австралија и постепено ги опфаќа САД, Канада, Нов Зеланд, а сега и Велика Британија.