Случајот за „полскиот Ханибал Лектор“ повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако Кајетан Познански побара сослушување поради пресудата донесена во 2016 година.
Како што пишува британски „San“, 27-годишникот се прославил по грозоморното убиство, а опседнатоста со измислениот сериски убиец, му го донела озлогласениот прекар. Тој беше во центарот на едно од најтешките злосторства во Полска во 2016 година, убивајќи 30-годишна професорка по италијански јазик во нејзиниот дом. Тој потоа и го распарчил телото со моторна пила и ги ставил деловите во куфер.
После тоа Познански викнал такси, а кога влегол во возилото, таксистот забележал како тече крв од куферот. Но, младиот човек го уверил дека тоа се делови од мртва свиња. Како што наведе судот, убиецот сакал да ги изеде деловите од телото на својата учителка, но се предомислил. За да ги скрие доказите ја запалил сопствената куќа. Меѓутоа, по гаснењето на пожарот, пожарникарите пронашле делови од телото на професорката.
Најодвратното нешто што го нашле е нејзината глава, која Познански ја напикал во својот ранец.
Пред судот, Познански се обиде да го оправда својот чин.
– Требаше да убијам некого за да се ослободам од верувањето дека човечкиот живот е повреден од животот на свиња или мува – рекол тој.
Локалните медиуми тогаш објавија дека младиот човек е од угледно семејство и дека е одличен студент кој имал пракса во полско списание. Неговите колеги веќе ја забележале опсесијата со канибализам кога тој предложил серија приказни за „моралната разлика помеѓу јадењето пилешко и јадењето луѓе“. По апсењето на Познански, магазинот објави дека не прифатиле ниту еден предлог и дека го префрлиле во друг сектор, но дека сепак напишал два текста на овие теми.
Неговите пријатели велеа дека е друштвен и интелигентен, но дека нешто се променило во него.
– Секогаш носеше книги со себе и беше внимателен, но одеше и на забави. Но, одеднаш се промени, стана чуден. Рече дека е опседнат – рекол пријател, пренесува „24сата.хр“.
По убиството, Познански побегнал во Италија, а потоа во Малта, каде полицијата конечно го уапсила и го екстрадирала во Полска.
На судењето неговите адвокати рекоа дека тој не бил трезен, но судијата ги отфрли овие наводи и заклучи дека сè внимателно испланирал.
– Во вакви случаи нема единствен мотив. Неговите пријатели рекоа дека забележале промени, и физички и психички. Рекоа дека има елементи на изолација и многу силна идентификација со ликот на Ханибал Лектор, што може да се види и во неговите дела – рече форензичарот Тереза Генс, која на крајот заклучи дека Познански нема метални болести кои би го спречиле да ги контролира своите постапки, па убиецот е осуден на доживотен затвор.
Сепак, неговите адвокати сега тврдат дека казната не е соодветна и тврдат дека металната состојба на Познански не била земена предвид во пресудата. За се ќе одлучат судиите следниот месец.