Од големите горештини, кои од минатата недела ја зафатија Јапонија, досега починаа најмалку 12 лица, јави Анадолија.
Откако температурите од минатата недела достигнаа до 35 степени Целзиусови, илјадници луѓе беа префрлени во болница поради топлотен удар и исцрпеност.
Според јапонското Министерство за здравство, поголем број од жртвите се лица постари од 65 години, но меѓу нив има и деца кои подолго се задржувале на отворено на високите температури.
Во градот Каванехон денеска е регистрирана температура од 38,3 степени, а во повеќе од четириесет градови температурите достигнаа најмалку 35 степени.
Јапонските медиуми постојано ги предупредуваат граѓаните да пијат многутечности и да избегнуваат непотребно изложување на сонце.