Висок комесар на ОН за човекови права: ФБИ со притисок врз Епл ризикува да ја отвори „Пандорината кутија“

Од:

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зијад ал Хусеин денеска предупреди дека ако Епл биде принуден да ја исполни судската пресуда и да соработува со ФБИ, постои опасност тоа да ја отвори „Пандорината кутија“, бидејќи ќе се прекршат правата на милиони луѓе во светот и ќе се олеснат евентуалните дејствија на авторитарни управители и на хакери.

ФБИ минатиот месец доби судска пресуда со која се бара од компанијата да создаде нов софтвер, кој ќе ја отстрани заштитата и ќе овозможи пристап до податоците на ајфонот користен од еден од стрелците во Сан Бернардино, Калифорнија. Образложението за ваквата пресуда е дека на тој начин ќе се откријат евентуалните врски на стрелецот со други терористи, пренесува БТА.

Ал Хусеин изјави дека со оваа одлука во САД ќе се создаде преседан, со кој ќе им се оневозможи на Епл или друга голема ИТ компанија да го гарантираат правото на дискреција на своите клиенти ширум светот. Тоа ќе ја отвори „Пандорината кутија“ и може да има многу големи последици, вклучувајќи ја физичката и финансиската безбедност на луѓето.

Големи интернет компании, меѓу кои Тwitter, AirBnB, Ebay, LinkedIn и Reddit, официјално го поддржаа Епл во спорот со ФБИ за деблокирање на телефонот.

Би можело да ве интересира

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Трамп го најави Каш Пател за шеф на ФБИ

А1он

Уапсен е еден од најбараните терористи, ФБИ го бркаше 20 години

А1он

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп