Вишеградската група усвои декларација со предлози за посилна ЕУ

Од:

Државите од Вишеградската четворка денеска усвоија заедничка декларација со предлози за идниот развој на ЕУ, која ќе биде претставена на средбата на врвот на Унијата во Рим на 25 март, изјави полскиот премиер Беата Шидло по средбата со своите колеги од Словачка, Унгарија и Чешка.

Во документот се нагласува потребата од зачувување на единството на ЕУ и заедничкиот пазар, како и поголема контрола на земјите членки врз процесите на донесување решенија.

Според Шидло, реформата на ЕУ треба да се заснова врз еднаквоста на интересите на сите земји членки.

– Ние сме против поделбите во ЕУ и никогаш нема да се согласиме со било какви поделби, бидејќи тоа е најдиректниот пат кон ослабување на Европа, нагласи полскиот премиер.

Тој, исто така, повика евентуалните промени во еврозоната да не им наштетат на останатите земји членки.

Би можело да ве интересира

Средба на Пендаровски со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Премиерите од Вишеградската четворка ќе расправаат за војната во Украина

Ана Ололовска

Вишеградската група изрази солидарност со Чешка за протерувањето руски дипломати

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Вишеградска група: Белорусија да отвори пат за нови избори

Ана Ололовска

Меркел и В4: Границите треба да се отворат што поскоро, но внимателно

Ана Ололовска