Државите од Вишеградската четворка сакаат да формираат телевизиски канал што ќе објавува информации на англиски јазик.
– Телевизијата ќе се вика Ти-Ви-Ви-Фор (TV V4) изјави шефот на полската телевизија Јацек Курски. Таа треба да почне со работа во 2018 година. Централата ќе биде во Краков.
Претстои лидерите од Вишеградската четворка да донесат политичка одлука за формирањето на тој медиум. За почеток на проектот се потребни пет милиони долари, а годишниот буџет се проценува на околу 40 милиони долари.