Виолетова за “пекол” – Австралија поради температури од плус 50 воведе нови бои

Од:

Горештините во Австралија станаа толку интензивни што Метеоролошкиот завод додаде две нови бои за “пеколни” температури од околу 50 степени Целзиусови – виолетова и розова.

Новата категорија сега оди до 54 степени Целзиусови, што е далеку над рекордните 50,7 степени измерени на 2.Јануари 1960. во Јужна Австралија.

Додека температурите во Австралија во последните неколку дена се движеа од 40 до 48 степени (на сликата е прикажано во портокалова и црна боја), метеоролозите предвидуваат дека во недела и понеделник, на 13 и 14 јануари, во некои региони тие “ќе се искачат” на 50 или повеќе степени (виолетова боја).

Иако не се остварија вчерашните предвидувања дека поради топлото и суво време во австралиската држава Нов Јужен Велс ќе настане “смртоносен пекол”, австралиските власти денеска предупредија дека опасноста се уште не е помината.

Поради промената на правецот на ветерот, температурите во таа јужна држава паднаа под рекордните, но топлата клима се премести на север, па се очекува дека температурата во Бризбејн, главниот град на државата Квинсленд, ќе достигне до 36 степени.

Австралиската метеоролошка служба денес потврди дека неодамнешниот топлотен бран постави нови температурни рекорди.

Просечната максимална температура забележана во понеделникот изнесуваше 40,33 степени, што е највисока од декември 1972 година. Во текот на последните четири месеци од 2012 година просечната максимална температура е највисока од почетокот на мерењата – 1910 година, соопшти метеоролошката служба.

Опасноста од пожари во северниот дел на Австралија е оценета како “многу висока”, што е понизок степен од “катастрофална”, која беше прогласена вчера во Нов Јужен Велс, каде што температурата во Сиднеј достигна рекордни 43 степени, јавуваат австралиските медиуми.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он