Вилијам Хејг: Не се исклучува ниту една варијанта за решавање на кризата во Сирија

Од:

Велика Британија го предупреди сирискиот претседател Башар ал-Асад дека не се исклучува ниту една варијанта во однос на евентуалното вооружување на бунтовниците и изјави дека ќе инсистира ЕУ да направи уште промени во своето ембарго за оружје кон земјата, пренесоа британските медиуми.

Во изјава во парламентот британскиот шеф на дипломатијата Вилијам Хејг изјави дека ЕУ треба да го преразгледа своето ембарго за испраќање оружје за Сирија, се додека не донесе одлука дали да ја вооружува сириската опозиција.

-Треба јасно да кажеме дека доколку режимот не преговара сериозно на претстојната Женевска конференција, ниту една варијанта не е исклучена. Има голем ризик дека режимот на Асад нема да води сериозни преговори, рече Хејг.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад игнорантски реагираше на новите планови за мировни преговори на САД и Русија, што беа соопштени пред две недели, а се предвидува да се оддржат во Женева на почетокот на јуни.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот