Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Од:

Партијата што ќе освои најмногу гласови на холандските парламентарни избори треба да добие мандат за формирање нова влада, изјави денес лидерот на центристичката партија Д66, Роб Јетен.

Холандската изборна комисија претходно денес објави дека со преброени 97,7 проценти од гласовите, најмногу гласови отишле кај Д66 и десничарската Партија на слободата (ПВВ) предводена од Герт Вилдерс, кои ќе имаат по 26 места.

„Според мене, најголемата партија треба да ја добие иницијативата“, рече Јетен, додавајќи дека резултатите од изборите покажале дека Вилдерс ќе има тешкотии да постигне мнозинство, пренесува Ројтерс.

Најголемите партии во Холандија, од левица до десница, ја исклучија можноста за приклучување кон влада со ПВВ во последните недели пред изборите.

На изборите одржани вчера, гласаа малку повеќе гласачи отколку на претходните избори во 2023 година, а излезноста беше 78,4 проценти, додека на претходните избори гласаа 77,8 проценти од сите лица со право на глас.

Граѓаните можеа да гласаат за вкупно 27 политички партии и 1.166 кандидати, кои се бореа за 150 места во Претставничкиот дом, а право на глас имаа околу 13,5 милиони холандски граѓани.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Експлозија го потресе центарот на Утрехт, пожарникарите се борат со пожарот, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Татко ја уби ќерката (18) поради „погазена чест“ – избега во Сирија, а синовите му се во холандски затвор

А1он

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини