Виктор Понта се појави пред Врховниот касациски суд

Од:

Поранешниот романски премиер Виктор Понта, кој во средата поднесе оставка по пожарот во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт во кој загинаа 32 лица, денеска се појави пред Врховниот касациски суд, каде против него се води судски процес за затајување данок, перење пари, судир на интереси и давање лажни изјави.

Понта при влегувањето во Судот одбил да даде каква било изјава со изговор дека тој сега е „само обичен граѓанин“, јавуваат романските медиуми.

Обвинувањата против Понта се однесуваат на периодот додека работел како адвокат. Тој ги отфрла сите обвиненија против него, како неосновани.

Понта поднесе оставка на премиерската функција во средата, по масовните протести на кои од него беше побарана индирекна одгооврност за пожарот во клубот „Колектив“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски