Виктор Орбан: Политиката за миграција на Европската Комисија е неприфатлива

Од:

Унгарскиот премиер денес му се заблагодари на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини за „застанувањето“ во одбрана на двете Унгарки кои беа нападнати од мигранти во Катанија.

„Му се заблагодарувам на Матео Салвини, италијанскиот вицепремиер, за застанувањето во одбрана на двете млади унгарски девојки кои беа нападнати од мигранти во Катанија. Овој напад, исто така, докажува дека миграциската политика на Европската комисија е неприфатлива. Наместо да ја запрат миграцијата, тие се зафатени со правни игри и бирократски шеги“, рече Орбан на Фејсбук.

Тој оцени дека „неуспешната миграциска политика“ на ЕУ „довела до овој напад“.

„Овој случај на сексуално насилство паѓа на совеста на бирократите од Брисел. Не може повеќе да се продолжи вака“, предупреди унгарскиот премиер, повикувајќи на „бунт против Брисел“.

Би можело да ве интересира

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан

Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија

ВИДЕО: Клучни избори во Унгарија, што велат анкетите и обложувалниците