Исламот никогаш не бил дел од Европа, тој е дојден кај нас, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за германскиот неделник „Фокус“, изнесувајќи аргументи околку неговиот став против приемот на бегалци во Унгарија, од кои најголемиот број се муслимани.
Тој оценува дека десетиците илјади турски имигранти што во 60-те години на минатиот век пристигнаа во Герменија, сега се веќе „дел од германската, а со тоа и од историјата на Европа“.
– Меѓутоа во духовна смисла, Исламот никогаш не бил дел од Европа. Таа се правила од некој друг свет. Тој е дојден кај нас, нагласува Орбан во интервјуто, што ќе биде објавено во утрешниот број на весникот.
Орбан натаму ги критикува оние, пред се во Германија и Франција, кои изнесуваат негативни ставови кон сомнежите во можноста за изградбата на мултикултурни општества во Европа.
– Ние во Унгарија самите решаваме што сакаме, а што не. Но, тоа не го сакаме. нагласува Орбан.
Унгарскиот премиер смета дека мнозинството од оние што бараат азил во европските земји, всушност не се бегалци од конфликтните зони, туку економски имигранти кои сакаат да се населат во Европа.
– Е па не може сите да живеат во Германија или Унгарија, смета Орбан.