Унгарија ќе ги штити своите права во ЕУ и бара автономија за етничките Унгарци што живеат во соседните земји и во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера беше реизбран на премиерската функција од страна на Парламентот.
– Ние сметаме дека унгарското прашање е и европско прашање. Унгарците имаат права на двојно државјанство, на етнички права и на автономија, порача Орбан, нагласувајќи дека етничките Унгарци ги поддржуваат неговите политики за „обединување на нацијата надвор од границите“.
Во 2010 година унгарската Влада донесе одлука за доделување на државјанства на Унгарија на сите Унгарци што живеат во соседните земји.
Големи заедници на Унгарците живеат во Романија, Словачка, Украина и Србија. Орбан никогаш не се залагал за обединување на сите „унгарски територии“ во една држава, но неговата политика кон етничките Унгарци во странство, предизвикува вознемиреност кај владите на некои од соседните земји.