Викиликс планира да го разоткрие договорот за Транспацифичко партнерство

Од:

Викиликс објави дека планира да собере 100.000 долари, што ќе бидат понудени како награда за откривање на досега необјавени делови од договорот за „Транспацифичко партнерство“ (ТПП).

Страницата Викиликс стана позната по откривањето на владини документи за шпионирање од страна на американската разузнавачка агенција НСА. Според Викиликс текстот за ТПП е најстрого чуваната американска тајна.

Текстот за трговскиот договор има 29 поглавја од кои 26 се уште се во тајност, пишува Викиликс на својата страница.  Организацијата успеа да објави три поглавја за кои расправаат САД и 11 пацифички држави.

Викиликс потврди дека досега се собрани над 23.000 долари.

Противниците на ТПП обвинуваат дека американските трговски претставници не смеат да преговараат за условите од договорот во тајност.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж живее во еквадорската амбасада во Лондон од јуни 2012 година, со цел да избегне апсење и предавање на Шведска.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска