Викиликс открива детали од воен план на ЕУ против бегалците

Од:

Интернет-страницата Викиликс објави доверливи документи во кои се откриваат детали за планот за воени операции на Европска унија против приливот на бегалци во Европа.
Извештајот е подготвен на 29 јануари од командантот за операции, контра-адмирал во италијанската морнарица Енрико Кредендино за Военито комитет на ЕУ и Комитетот за политика и безбедност на Унијата.

Во документот се наведуваат статистички податоци за бранот мигранти и детали изведени и планирани со заеднички акции на силите од државите на ЕУ во Медитеранот.

Во извештајот се врши притисок врз одговорни органи во ЕУ да помогнат и да го забрзаат процес на формирање „доверлива“ влада во Либија од која се очекува да ги повика силите на ЕУ да дејствуваат на нејзина територијални води, а подоцна да даде дозвола за проширување на воените операции на копно.

Извештајот е напишан откако пред пет месеци е објавено дека во операцијата „Софија“ ќе учествуваат 22 држави и 1.300 луѓе кои би пресретнувале и одземале сомнителни бродови во Медитеранот.

– Цел на операцијата е првенствено разбивање на групите за шверц на луѓе, а не спречување на приливот бегалци, наведува Институтот за безбедносни студии на ЕУ кои во документот наведоа дека операцијата почнува на 27 јули 2015 година.

Тие тврдат дека е неизвесно дали операцијата ќе може да го оствари својот мандат, односно „неутрализира мрежата на криумчари“, дека само неколку земји-членки на ЕУ имаат вештини и искуство за такви мисии и оти операцијата не може да биде решение за бегалската криза. 

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска