Викиликс објави фајл, на повидок отворање на нови доверливи информации

Од:

Организацијта за откривање на државните тајни Викиликс вчера објави нов, огромен шифриран фајл, кој засега не може да се прочита без да се знае неговата шифра.

Но, Викиликс ги повикува неговите поддржувачи да го копираат фајлот од околу 400 гигабајти, заедно со уште два помали, од по 50 и 3,6 гигабајти, и да ги чуваат во очекување на објавување на шифрата која е потребна за нивно отворање.

Оваа е веќе вообичаена пракса на Викиликс, кога организацијата се подготвува да објави значително количество на доверливи податоци, кои анонимно ги добива од нејзините поддржувачи низ светот.

На сличен начин, Викиликс во 2010 година ги објави илјадниците белешки на американската дипломатија, кои до Викиликс беа доставени од страна на војникот Бредли Менинг, кој имал пристап до уредите за шифрирање во американска воена база во близината на Ирак.

Се претпоставува дека токму судењето на Менинг е причина за постапката од страна на Викиликс. На крајот на јули, Менинг беше прогласен за виновен за 17 кривични дела, меѓу кои и шпионажа, и се очекува наскоро да му биде изречена пресуда за долгогодишен затвор. Во пресрет на пресудата, Менинг се извини за своите постапки, велејќи дека им нанел штета на многу луѓе, како и на Соединетите Американски Држави.

Потегот на Викиликс е оценет како обид на организацијата да влијае врз пресудата, па дури и да ги уценува САД во надеж дека Менинг ќе добие што помала казна.

Во фајловите е можно да се содржани информации од новиот ‘херој’ на Викиликс, Едвард Сноуден, поранешен аналитичар на Националната агенција за безбедност НСА кој пребега во Русија откако почна да открива тајни за работата на агенцијата.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска