Викиликс најави нов „Специјален проект К“

Од:

Викиликс на својот „Твитер“ профил најави нов „Специјален проект К“, кој ќе биде претставен на конференцијата во Вашингтон.

Организацијата ја најави својата конференција закажана за 8 април во Вашингтон, на која најверојатно ќе бидат објавени нови доверливи документи или ќе се соопштат информации за формирањето политичка партија на Џулијан Асанж во Австралија.

Организацијата не објави други детали за други настани, ниту пак кој ќе зборува пред пристутните на конференцијата бидејќи Асанж се уште се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Минатата недела еквадорската влада имаше состанок со претставници на британскаат лабуристичка партија во обид за постигнување договор за префрлување на Асанж во Шведска. Џулијан Асанж се наоѓа во амбасадата на Еквадор од јуни минатата година, каде доби политички азил.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска