„Викиликс“ ќе објави нови документи за надворешната политика на САД

Од:

Сајтот „Викиликс“ соопшти дека денеска ќе објави 1,7 милиони документи, што се однесуваат на надворешната политика на САД во периодот 1973-1976 година, пренесоа руските медиуми.

Во овој период главната улога во формулирањето на американската надворешна политика играл Хенри Кисинџер, кој работел како советник за националната безбедност во Белата куќа  и државен секретар кај претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд.

Според „Викиликс“, документите го одразуваат курсот на американската дипломатија и односите на САД со други земји низ светот.

Во новата база на податоци, што од сајтот е наречена „Опшествена библиотека на дипломатијата на САД“, има записи од извештаите на американски амбасади, разузнавачки сведоштва и преписки на Конгресот поврзани со надворешната политика.

Повеќето од овие материјали биле тајни, но сега нивниот доверлив статус е укинат и тие се наоѓаат во отворените американски архиви.

Времето за кое се однесуваат документите, е еден од најнапрегнатите и противречни периоди од Студената војна.

Во 1973 година во Чиле е извршен државен преврат против претседателот социјалист Салвадор Аљенде, раководен од генерал Аугусто Пиноче. Познато е дека дипломати и соработнци на специјалните служби на САД ги поддржувале врските со кругови, што се подготвуваат да ја заземат власта. Многу западни публицисти и историчари ги обвинувааат американската влада и лично Кисинџер за учество во превратот во Чиле.

Средината на 70-те години, исто така, е време на политиката на „разведрување“ и намалување на напрегнатоста меѓу САД и СССР.

Новата база на податоци била подготвена под раководство на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанџ во текот на изминатата година, вклучувајќи го и времето на неговото престојување во еквадорската амбасада во Велика Британија, каде тој се крие од јуни минатата година, за да ја избегне екстрадицијата во Шведска во врска со сомненијата за силувања.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска