Тајната група на Викеликс денеска објави информација дека ќе објави 2,4 милиони сириски маил пораки, повеќето од нив обезбедени од интернет адресите на владините преставници.
Тие објаснија дека овие пораки главно се дел од комуникацијата помеѓу сириската влада и компании од западниот свет. Објавениот материјал ќе ги засрами и двете страни.
Сара Харисон, од името на Викеликс соопшти дека пораките датираат од август 2006 до март 2012 година, потекнуваат од стотици различни домени, меѓу кои и службите под дирекна контрола на претседателот Башар ал – Асад.
Харисон призна дека оранизацијата „Викеликс“ се соочува со многи проблеми во моментот, алудирајќи на ситуацијата во која се наоѓа основачот Џулијан Асанж, но продолжува да работи.