Околу 600 милиони евра за изградба на станови има главниот град на Австрија, Виена од купниот годишен буџет од 13 милијарди евра, изјави градскиот министер за домување и урбанизам, Мајкл Лудвиг.
Според многу анкети тој ќе биде идниот градоначалник на Виена, а како што кажа Лудвиг 62 отсто од населението во Виена живее во станови финанскиски поддржани од градот.
Лудвиг истакна дека наемнината за тие станови е контролирана и дека, во старите договори, кога станува збор за општински станови, изнесува 3,5 евра по квадратен метар, а за новите договори, 5,39 евра по квадрат, и две евра по квадрат за одржување на зградата, како и 10 отсто ДДВ.
– Тоа е причината зошто кириите за општинските станови се далеку под кириите на слободниот пазар, каде киријата, без одржување и ДДВ, изнесува 10 или повеќе евра по квадрат, рече тој.