Виена: Цело семејство заминало во Исламска држава

Од:

Петчлено семејство од Ветманштетен, Австрија, кое што потекнува од Босна и Херцеговина, според неофицијални информации се приклучило на припадници на терористичката организација Исламска држава.

Според наводите на виенскиот весник „Курир“ Интерпол покренал потрага по Енес Скалиќ (35), неговата сопруга Михаела Субашиќ (36) и трите ќерки Сара, Ениса и Ајла, кои што се на возраст од две, девет и 11 години.

Енес е роден во Австрија во Брегенц, а неговата сопруга Михаела поради него преминала во ислам и во бракот ја довела својата ќерка.

-Деветгодишната ќерка во училишниот дневник напишала дека сака да оди во Мека и конечно да носи марама- изјавил градоначалникот Хелмут Кригл.

Инаку Енес кој во Австрија едно време имал и своја фирма, но не им е непознат на австриските власти, кои сметаат дека припаѓа на кругот на таканаречени„западно балкански борци“.

Односно оние кои биле блиски до Мирсад Омеровиќ и Билал Босниќ кои се обвинети за регрутирање на борци за ИСИС.

Семејството најверојатно го планирала заминувањето од Австрија, бидејќи на есен ја ставиле куќата на продажба.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски