Видеото со заложникот Џон Кантли покажува промена кај џихадистите?

Од:

Неодамнешниот видео запис од Британецот, Џон Кантли, кој што е во рацете на милитанти на Исламска држава, покажува тактичка промена кај џихадистите, кои се обидуваат да го збунат Запад, сметаат аналитичарите.

Трите записи кои и претходеа на оваа снимка, завршуваа со обезглавување на заложниците, додека овој пат нема јасни закани за животот на заробеникот.

Кантли на снимката зборува на англиски јазик, кој што е напишан на арапски, наведува дека е заробеник и најавува следни епизоди во кои ќе биде откриена вистината за целите на ИС и како европските влади успеале да ослободат свои државјани во преговори со џихадистите.

-На снимката нема бруталност како што беше случај со претхидните три, што е јасен знак – вели Петер Неуман, директор на Меѓународниот центар за истражување на радикализација и политичко насилство на Кралскиот колеџ во Лондон.

Тој смета дека џихадистите со својата бруталност, им ја ослесниле задачата на западните власти.

-Сега веќе прават споротивно, нивната порака вели дека се разумни. Доколку западните сили сакаат да разговараат, се може да се реши -вели Неуман.

До сега ИС уби двајца Американци и еден Британец, а се заканува и со смрт на британскиот таксист Алан Хенинг.

-Исламска држава можеби стравува дека нејзината бруталност може да доведе до губење на поддршката од исламстите. Сепак судбината на Алан би требало да биде одлучувачка за новиот пристап на џихадистите, додаде тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

А1он

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Ана Ололовска

Стотици џихадисти подготвени за напади во Европа

Емир Латифовиќ

Исповед на еден џихадист-покајник

Емир Латифовиќ

Меѓународна конференција за борба против феноменот на странски џихадисти

Емир Латифовиќ

Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Емир Латифовиќ