ВИДЕО: Милионскиот марш на жените против Доналд Трамп почна од Австралија

Од:

Повеќе илјади демонстранти во Австралија и Нов Зеланд се приклучија на Женскиот марш, кој се организира денеска ширум светот во знак на протест поради новиот американски претседател Доналд Трамп.

Во Мелбурн се собраа околу 5.000 жени и мажи, додека во Сиднеј околу 3.000 луѓе во Хајд паркот, од каде ќе заминат кон американскиот Конзулат.

Демонстрантите носат пароли на кои пишува „Се тепам како девојче“ и „Феминизмот е мојот одговор за Трамп“.

Една од организаторките Минди Фрејбанд изјави дека не се протестира лично против Трамп, туку против говорот на омраза, ксенофобијата, а Женскиот марш се организира со цел да се претстави заедничкиот став на сите жени ширум светот.

Претходно околу 2.000 луѓе мирно маршираа во четири градови на Нов Зеланд.

Во текот на денешниот ден се планирани околу 673 маршеви во светот, како и главниот протест во Вашингтон, каде се очекуваат повеќе од два милиона луѓе

Би можело да ве интересира

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

САД: Трамп поддржа легализација на поседување и купување марихуана за лична употреба

Горан Наумовски

ВИДЕО: Харис ја зголеми предноста пред Трамп

Трамп ги обвини Бајден и Камала Харис за неодамнешниот обид за атентат врз него

Горан Наумовски

Трамп предупредува: Влегуваме во Третата светска војна

Против Трамп е покренато ново обвинение