Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање рече дека вооружените сили успешно ја продолжуваат контраофанзивата. Претседателот не ги спомна имињата на ослободените села.
„Продолжуваат жестоки борби во многу области на фронтот“, рече Зеленски. „Се повеќе Руси се обидуваат да побегнат, војската на напаѓачите трпи се повеќе загуби. Тој додаде дека постои „сè поголемо разбирање (во Русија) дека Русија направила грешка со тоа што започнала војна против Украина.