Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша посетата на Киев на лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија како „историски ден“ за неговата земја.
„Украина ужива поддршка од четири моќни европски држави“, рече тој во своето вечерно видео обраќање, додавајќи дека Украина сега е поблиску до Европската унија од кога и да е нејзината независност.
Европската комисија се очекува денеска да објави оценка за тоа дали Украина треба да добие кандидатски статус за ЕУ, што е клучен чекор во долгиот процес на стекнување полноправно членство во блокот.
Европа може да напише нова приказна за слободата и „конечно да ја елиминира сивата зона меѓу ЕУ и Русија“ благодарение на храброста на украинските мажи и жени, рече Зеленски.
Коментирајќи ги сирените за воздушни напади што се огласија во Киев за време на посетата на европските лидери, Зеленски рече дека Русија се обидела да создаде тензична атмосфера, „но никој не се плашел“.