Во ноќнo видео обраќање, украинскиот претседател Зеленски ги предупреди Украинците дека руските сили кои се повлекуваат оставаат мини во целата област, вклучувајќи ги и областите околу домовите и телата што останале.
„Ја минираат целата територија. Миннираат куќи, ја минираат опремата, дури и телата на убиените. Оставија многу жици зад себе и оставија зад себе многу други опасности“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека воената ситуација на истокот на земјата се уште е многу тешка. Тој, исто така, рече дека руските трупи на север се повлекуваат „полека, но забележливо“. Сепак предупредува дека се подготвуваат нови жестоки напади во Донбас.
„Ни претстојат тешки битки. Не можеме да мислиме дека веќе ги поминавме сите тестови“, рече Зеленски.
Зеленски во обраќањето испрати порака до проруските лидери инсталирани во окупираните градови.
„Нема да ви биде долго“.
Ваквите лидери ги нарече првоаприлска шега и ги спореди со оние во нацистичка Германија.
„Мојата порака до нив е едноставна, одговорност за соработка со непријателот ќе има. Утре или задутре е второстепено прашање. Клучот е дека враќањето на правдата е неизбежно“, рече тој.
Зеленски рече и дека повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од опколениот Мариупол.