Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите војници „држат два клучни града во источниот регион Донбас и покрај повторените руски напади“. Претседателот Зеленски ја нарече „луда“ руската тактика во Украина.
Тој рече дека најлошите борби се водат во близина на Авдивка, надвор од Донецк и во Бахмут на североисток.
„Тука е најочигледна лудоста на руската команда. Ден за ден, со месеци, таму ги принудуваат луѓето на смрт“, рече тој.
Во своето обраќање, Зеленски не спомна што се случува во близина на јужниот град Херсон, кој сè уште е под контрола на проруските сили, но рече дека очекува тешка борба.
„Ги зајакнуваме нашите позиции на целата линија на фронтот, ги намалуваме можностите на напаѓачите, ја уништуваме нивната логистика и подготвуваме добри вести за Украина“, рече тој.