(ВИДЕО) Зеленски: Последната фаза од војната ќе биде најкрвава

Од:

За време на вчерашниот говор пред украинските студенти, претседателот Зеленски рече дека се уште не може да ги повика Украинците да се вратат дома од странство поради страв дека последната фаза од војната ќе биде најтешка и најкрвава.

Во регионот Чернихив северно од Киев, Русите го нападнаа селото Десна, при што загинаа многумина, рече украинскиот претседател во ноќното обраќање.

„Постојани се нападите на местата околу Одеса, на градовите во централна Украина, Донбас е целосно уништен – сето тоа не постои и не може да има никакво воено објаснување, како што тврди Русија“, продолжи тој.

„Ова е намерен и криминален обид да се убијат што е можно повеќе Украинци“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Европскиот план за заштита на Украина „Sky Shield“ повторно е во игра

Катерина Ѓуровски

Орбан бара Европската унија директно да преговара со Русија