Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска по повод националниот празник Денот на брамителите изјави дека Украина ќе ја победи Русија и ќе биде слободна земја.
Во видеото на официјалната веб-страница, Зеленски им се заблагодари на украинските вооружени сили за одбраната на земјата.
Зеленски, во селото Витачив кај реките Днепар, истакна дека ќе бидат ослободени сите окупирани украински територии и дека ниту еден Украинец нема да остане во заробеништво.
Украинскиот претседател рече дека се чини како сегашниот непријател на Украина да ги обединил сите претходни непријатели во своето зло.
Со пораз на овој непријател ќе одговориме на сите освојувачи на нашата земја, минатото, сегашноста и иднината, истакна Зеленски.
Од почетокот на руската агресија во Украина на 24 февруари, стотици луѓе загинаа, милиони жители се раселени, а многу градови беа опустошени.