ВИДЕО: Затрашувачка буица во Боливија, градот Сукре столчен од град

Од:

Најмалку четворица луѓе загинале вчера во поплавите предизвикани од наглите врнежи на дожд и град во градот Сукре во Боливија, јавуваат светските агенции.

По уште три деца и тројца возрасни се уште се трага, а уште седуммина се повредени.

Невремето траело околу половина час и ги претворило тесните и стрмни улички во градот во опасни поројни реки што влечеле автомобили, камиони и цели киосци.

Најлошо погодениот дел од градот бил околу зелениот пазар, каде одводите биле затнати од отпад, што го влошило поплавувањето. Граѓаните изразија револт кон властите поради нередовното одржување на одводните канали.

Претседателот на Боливија Луис Арсе изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски