(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од земјотресот во Мексико: Автомобили се нишаат, оштетена болница

Од:

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Мексико. Поради земјотресот беше издадено и предупредување за цунами. Земјотресот го погоди брегот на Ла Пласита де Морелос во западно Мексико, објави Американскиот геолошки институт.

На снимката на социјалните мрежи се гледа дека автомобилите буквално се нишале поради тресењето на земјата.

Исто така, на второто видео можете да видите дека лустерот буквално се врти.

На фотографиите споделени на социјалните мрежи се гледа дека е оштетена државната болница во градот Маруата.

Околу 10.000 луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес на 19 септември 1985 година, додека 350 лица загинаа во земјотресот што го погоди Мексико на истиот датум во 2017 година, потсетува Ројтерс.

Ернесто Ланцета, сопственик на бизнис во квартот Куахтемок во градот вели: „19-ти е ден од кој треба да се плашиме“.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски