(ВИДЕО) Започна средбата Трамп – Зеленски на Флорида: Дали конечно ќе се договори мир во Украина?

Од:

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски започна во одморалиштето Мар-а-Лаго во Флорида.

Трамп го чекаше Зеленски пред влезот и откако се ракуваа, позираа за собраните новинари.

Оваа средба е уште еден во низата обиди за прекин на конфликтот во Источна Европа, кој започна со руската инвазија на Украина во февруари 2022 година и сега влегува во својата петта година.

Зеленски се согласи со европските сојузници за мировен план од 20 точки, според кој официјална Москва има големи резерви.

Зеленски претходно објави дека за време на состанокот во резиденцијата на Трамп во Флорида, ќе разговараат за судбината на спорниот регион Донбас, како и за иднината на нуклеарната централа Запорожје.

Зеленски се надева дека ќе го омекне американскиот предлог за целосно повлекување на украинските сили од Донбас.

Во случај на неуспех, како што објави порталот Аксиос, целиот план од 20 точки треба да се стави на гласање како дел од референдум, а за да се овозможи тоа гласање, Русија треба да се согласи на 60-дневно примирје.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он

Украина тврди дека има докази: Русија сè уште му помага на Иран

А1он

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он

Зеленски: Имам многу лошо претчувство за војната во Иран

А1он

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он