(ВИДЕО) Загина жена, а осуммина се тешко повредени во инцидентот во Штутгарт

Од:

Најмалку осум лица се повредени, од кои две потешко, а 46-годишна жена почина откако автомобил удри во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, во инцидент за кој полицијата рече дека е „трагична“ сообраќајна несреќа. Портпаролката на полицијата изјави дека причината за инцидентот веројатно е несреќа, нагласувајќи дека истрагата е сè уште во тек.

Возачот на автомобилот, 42-годишен маж, е во притвор каде што полицијата го испрашува, изјави портпаролката.

Инцидентот се случил на трамвајската станица Олгаек во центарот на градот. Точните околности на несреќата сè уште се нејасни, како и брзината со која се движел автомобилот.

Би можело да ве интересира

Инцидент пред канцеларијата на ФБИ во Питсбург, властите велат тоа е во „терористички чин“

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Објавено видео од полицијата како пука во напаѓачот во Германија

Ученик од Косово со нож избоде наставничка во Германија, полицијата го застрела напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Глисер се залета на брегот: Луѓето бегаа во паника

Предраг Петровиќ

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Нови детали за претепувањето на Словенците во Хрватска: Со палка и ја скршија главата на девојката