ВИДЕО: Втор ден хаос на улиците во Холандија, водени топови против демонстрантите

Од:

Втор ден по ред, демонстрантите кои се противат на воведувањето строги мерки и полициски час во Холандија се судрија со полицијата, а најжестоки повторно беа протестите во Ајндховен и Амстердам, каде беа употребени водени топови и солзавец за да се разбие толпата.

Насилните протести со помал интензитет во Холандија траат повеќе недели наназад, а ескалираа откако премиерот Марк Руте објави полициски час од 21 часот до 4:30 наутро, прва таква мерка во земјата по Втората светска војна. Руте ги нарече вчерашните протести „криминалнo насилство“.

За атмосферата во холандските градови и особено во деловите населени со имигранти, илустративна е новата снимка која денеска беше објавена од инцидентот кој се случил за време на новогодишната ноќ, кога група млади луѓе поставиле импровизиран експлозив, комбинација од бензин и ракети за огномет, на мост за велосипеди во северниот дел од Амстердам, предизвикувајќи сериозна штета.

Демонстрантите вечерва повторно палеа автомобили и кршеа излози од продавници во повеќе градови, а полициските специјалци, кои беа во уште поголем број, употребија кучиња, коњи и водени топови за да ги разбијат.

Властите соопштија дека најмалку триста демонстранти се уапсени по вчерашните немири, во кои беше запален и центар за ковид-тестирање во Амстердам.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина